„Жестока ноќна битка“ со огнот во Ѓавото – канадерот 10 дена чека во Шпанија, нема слободен пилот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По настанат спој на далекувод во селото Ѓавoто, Богданци од вчера беснее пожар кој успеале околу 50 пожарникари да го локализираат во раните утрински часови. Огнената стихија е сопрена на 100 до 200 метри до селото благодарение на тимовите на МВР и ДЗС со помош на хеликоптер на АРСМ кој пристигнал во шест часот утрово.

„Преку ноќ имаше ветер кој ни оневозможи да се справуваме успешно вчера, но денеска сето тоа ќе биде под контрола. Локализиран е, но вчера имаше ветер со јачина од 30 до 40 км на час и го префрлуваше оганот во други правци. И затоа требаше прво да се заштитат куќите, црквата во село Ѓавато, а потоа да се гасне пожарот“, вели Беким Максути.

„Пожарот не е изгаснат но е под целосна контрола сега зборував со одговорното лице. Во овој момнет само се појавуваат огнови на одредени места но имаме целосна контрола“, вели Стојанче Ангелов.

„Во текот на ноќта имаше жестока битка со огнот кој цело време кружеѓе околу селото. Ветрот го менуваше правецот и се засилуваше направи голем проблем, бидејќи го движеше огнот кон куќите. Но, имаше пожарникари на линија меѓу куќите и меѓу огнот“.

На терен за гаснење на пожарот во Ѓавато беа ангажирани екипи на Дирекцијата за заштита и спасување од Валандово – тим за брз одговор со 13 вработени, „Комуналец“ од Богданци со 10 луѓе, противпожарна служба од Дојран со една цистерна, како и противпожарна служба од Струмица со едно теренско возило со пумпа и пет пожарникари.Во моментот Дирекцијата за заштита и спасување  има само еден канадер за гаснење пожари. Но, другиот е во Шпанија сервисиран, завршени се царинските постапки и чека да биде прелатан во недостиг на пилоти. Има најава дека пилот од САД треба да донесе авион во Шпанија и истиот ќе ни го врати нашиот.

„Леталото веќе 10 дена е сервисирано и чека да се врати назад. Шпанската страна има проблем со наоѓање  слободен пилот кој ќе го прелета до нашата земја. Вршиме секојдневни напори за сето тоа да се случува побрзо затоа што тоае од договор нивна обврска е“, додава Беким Максути.

Синоќа имаше и два пожари на подрачјето на Куманово. Според првичните информации, пожар имало на градските гробишта и уште еден кај Ловечкиот дом. И директорот на ДЗС и директорот на ЦУК кога ги побаравме за информации патуваа кон Тирана на средбата посветена токму на пожарите, а во рамки на Балкан Опен. Со договорот помеѓу трите земји од Опен Балкан се обрзуваат да си помагаат и во случај на пожари. Директорот Максути апелира до сите инспитуции да бидат многу повнимателни и да превземаат мерки на време, бидејќи пожарите предизвикуваат и материјална штета, но понекогаш последиците се фатални со човечки жртви и повреди.