Жител на беровско Смојмирово ја удрил сопругата со шише по што заработил кривична пријава

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По удар со шише, повредена е жителка на беровското село Смојмирово. Повредата Ф.Џ. ја заработила, откако по вербална расправија во дворното место, нејзиниот сопруг и го нанел ударот, по што бил пријавен во полиција.

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против В.Џ.(52) од с.Смојмирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 01.05.2020 во дворното место од семејната куќа, по кратка вербална расправија, пријавениот со шише ја удрил неговата сопруга Ф.Џ. и ѝ нанел телесни повреди, информираат од полицијата.

Беровската полиција во изминатото деноноќие поднела кривични пријави и против еден пехчевец и двајца беровци.

-Кривична пријава за непочитување на полицискиот час заработи Б.Д.(45) од Пехчево кој бил лишен од слобода, исто како и В.Д.(61) и Е.А.(35), двајцата од Берово, додаваат од полицијата.

Пријавите се поднесени поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, и непридржување кон воведената мерка за ограничено движење.