Жителите на Бутел го демантираат Костовски – не им сметаат новите имиња и не бараат враќање на старите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред неколку дена градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, рече дека жителите од оваа општина се жалеле за промената на имињата на улиците и побарале да се вратат старите имиња. Костовски испрати службено барање и до Град Скопје.

Барањето го потврди и Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, вели дека сега треба да делува комисијата за имињата на улиците и не предвиде што понатаму. Но како што истакна Славески, постапката е доста комплицирана бидејќи некои од улиците не поминале во Централен регистар во времето на Петре Шилегов.

До град Скопје, поточно до Градоначалник и до Совет на град Скопје е пристигната иницијатива од општина Бутел за враќање на старите имиња на неколку улици. Иницијативата е проследена до Комисија за именување на улици, патишта, мостови … за мислење и постапување. Комисијата треба да се произнесе по оваа иницијатива. Инаку, прашањето околу имињата на улици во град Скопје е доста комплексно. Според моите информации, промените што беа направени од страна на претходниот состав на Совет на град Скопје, кога градоначалник беше г-динот Петре Шилегов, не се спроведени преку Централен регистар на РМ“, вели Трајко Славевски.

За да потврдиме дали жителите навистина се жалеле за промената на имињата на улиците, излеговме на терен.

„Не, не сме доставиле барање за промена на името на улицата во општина, не!“

„А зошто да ми сметат?“

-Така изјави Дарко Костовски, градоначалникот на Бутел.

„Голема работа дека рекол градоначалникот. Градоначалникот го кажува неговото мислење и на тие кои гласале за него. Тие кои не гласале, не го поддржуваат тоа. Се прави се против нив. Се е во ред со новото име, можеби му смета на него!“

„Не, јас албански сакам, има многу Албанци тука“.

-Дали ви смета вам бидејќи е сменето на албански?

Не! Задоволна сум.

-А вашите комшии Македонци, дали сте ги слушнале да се жалат?

„Никогаш! Само ако те излажам. Не можам да ве лажам бидејќи не сум слушнала никого, јас сега слушам за прв пат“.

-Дека е сменето името?

„Да“.

Инаку за оваа иницијатива реагираа скоро сите албански партии, кои го обвинија Костовски дека намерно сака да ги избрише имињата на албанските ликови. А Костовски се жалеше дека еден од советниците на Алтернатива му се заканувал.