Жителите на Дреновец на протест – не се реализира ДУП-от, нема ниту канализација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителите на населбата Дреновец –Тетово на протест  поради не реализирањето на Деталниот урбанистички план. Според нив земјиштето кое се користи како пат е приватизирано и сега околу 30 куќи ќе останат без пристап. Тие исто така велат дека по нивните дворови поминува и централната фекална канализација на градот и дека и покрај многуте жалби во општината, се уште не е решен овој проблем.

„ДУП-от, добар или лош, не се реализира. Второ, фекална вода тече над земјата до овие луѓе кои живеат овде околу 15 години. Пред 10 години доставив жалба, повторно пред 5 години, скоро секоја година, и не се презема ништо“, вели жител.

„Овде ќе има крвопролевање, но тоа го прави општината, секторот за урбанизам, тоа тие го прават, не ние, тоа го прави и Министерството за транспорт и врски, тие треба да го поддржуваат народот. Не само кога им требаат гласови прашуваат каде сте народе“, додава жител.

„Јас денеска гледам дека друг работел тукаа, а друг ја продава, а патот не се продава“, посочува жител.

Од Секторот за урбанизам при општина Тетово, во текот на денешниот ден излегоа на терен со жителите и им објасниле дека ДУП-от за оваа зона постои од 2007 година и дека истиот се уште е валиден. Тие им ветија на жителите дека нема да им биде блокиран патот.