Жителите на Горна Река на протест, се жалат дека „Националниот парк Маврово“ ја уништува природата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителите на Горна Река два часа го блокираа патот Гостивар-Маврово. Тие протестираа велејќи дека Националниот парк Маврово само ги користи нивните ресурси и не инвестира ништо, а според нив само за еден тендер во 2022 година од планините во селото биле исечени дрвја вредни 3 милиони евра.

-Се собравме да го изразиме нашиот револт за сите рестриктивни политики, почнувајќи од еколошките катастрофи што се случуваат во Националниот парк Маврово, поточно на планината Мелик. Националниот парк Маврово, иако е формиран како институција за заштита на природата, тие го прават спротивното и го уништуваат целиот биолошки диверзитет на планината Кораб, со масовно сечење дрвја за комерцијални цели, дури и на приватни имоти, а тоа предизвикува штета од 3 милиони евра-вели Егзон Усеини од Здружението „Преродба на Горна Река“.

Жителите велат дека 74 години Националниот парк ги експлоатирал, а не вложил ниту една инвестиција, туку само ги спречил да се развиваат.

-Денеска протестираме против Националниот парк затоа што 74 години користи дел од Горна Река и не вложил ништо освен за нивните приватни придобивки.
-Протестираме затоа што се чувствуваме лошо, немаме никаква инвестиција во нашиот дел од Река, иако сме жители на овој дел, тие само доаѓаат и ја уништуваат планината, го уништуваат богатството Господово, а населението нема само да седи како што мислат.
-Протестираме поради патот, ја сечеа планината таму, нема помош за нас, Тануша, Жупа и немаме никаква помош од нив, ги уништија патиштата, отворија друг пат, а за тоа ни ги уништија и ливадите.

Според Здружението за рурален развој „Преродба на Горна Река“ доколку Владата не преземе мерки ќе бидат принудени да преземат уште порадикални активности за да се спречи уништувањето на природата во нивните населени места.