„Живееме без паника, бидејќи немаме телевизор“ – Изолацијата за семејството Лозана не е ништо ново

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Семејството Лозана од Скопје нема телевизор во нивниот дом. Ирена вели дека никогаш не гледа вести, можеби годишно само двапати. За состојбата со коронавирус вели дека се информира преку интернет.

Како што раскажува Ирена, за родителите на деца со аутизам, изолацијата не е нешто ново, но дека овојпат ѝ било потешко да им објасни зошто нема да излегуваат надвор.

Периодов, децата научиле да готват, да шијат и да прават многу други работи заедно.

Ирена Лозана им порачува на родителите периодот на изолација да го гледаат како нешто позитивно, да поминуваат повеќе време со нивните деца, да се чуваат, да се смеат заедно и да бидат покреативни.