Животна приказна на Фуфо во „Клик Плус“: „Денеска има многу омраза и агресија во однос на минатото“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Не можам максимално да се изолирам од сето она што се случува, но се трудат да ги избегнувам сите овие случувања на политичката сцена. Вака поранешниот бизнисмен Љупчо Николовски Фуфо во магазинот Клик плус на ТВ21 објаснува за тоа како гледа на моменталните актуелни настани во земјава. Вели дека порано кога бил сопственик на угостителски објекти бил постојано во близок контакт со политиката и политичарите.

„Тоа не значи дека можам максимално да се изолирам, но сепак од времето кога не ги држам угостителските објекти барем малку имам привилегирана положба не морам по секоја цена активно да учествувам во политичките збиднувања зашто тогаш не можев да ескивирам, не можев да се оддалечам.“, рече Фуфо.

Тој зборуваше дека за разлика од порано сегашното ниво на комуникација меѓу учесниците од спротивставени страни во политиката е сведено на агресија и меѓусебна омраза.

„Одговорно тврдам и гарантирам дека се собираа сите политички елити од различни партии со различни идеологии и немаше таков отпор меѓу политичарите во нашиов објект. Сега чувствувам, повторно не гарантирам дека на места каде што оди една политичка гарнитура во тоа место скоро да не влегува, или има блок или има отпор или скоро е казнета таа угостителска единица или угостителски објект затоа што таму се собираат од опозицијата затоа што во тој момент или во тој период позицијата има моќ да го казни“, вели Фуфо.

Николовски Фуфо говореше и за својот живот, односно своето минато поврзано со коцката и долговите и пропаѓањето на неговиот бизнис, а и живот. Во почетокот сум бил во ситуација веднаш да платам, но како сум паѓал се потешко сум враќал. Во коцката губиш пари, губиш образ, доверба и на крај го губиш најважното – семејството, порача Фуфо.