„Животот е во нас, ние сме во животот“ – Лицата со посебни потреби собираат пари за колички

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Животот е во нас, ние сме во животот“. Под ова мото лицата со посебни потреби веќе неколку недели собираат пари за да купат колички. Еден граѓанин кој излезе на прошетка, вели дека количките за луѓето кои не можат да се движат сами, се од суштинско значење.

„Добро е еден инвалид да има количка, навистина е важно бидејќи човек инвалид не може да се движи без количка. Еве како мене на пример. Ова многу ќе ни помогна нам. Добро е да ни помогнат и општините“, вели граѓанин. 

Претседателот на Здружението „СОС Вита“, организатор на целата акција, вели дека не добиле поддршка од институциите, па поради тоа почнале сами да собираат пари за лицата кои не можат да си дозволат да купат количка.

„Многу е важно за лицата со посебни потреби да можат да излезат сами од дома. Ние сме здружение кое не разликува вера или националност, ние треба да си помагаме меѓу себе. Ако не си помагаме едни на други, тогаш залудно живееме во овој свет“, посочи Ертан Шакири.

Собирањето средства ќе продолжи до крајот на месецот, а на 3-ти декември Меѓународен ден на лицата со посебни потреби ,  ќе бидат распределени набавените колички. Дополнителен проблем за лицата со посебни потреби претставуваат и паркираните возила на тротоарите, со што уште повеќе се отежнува нивното движење.