Француските власти распоредија силно полициско присуство во Париз и употребија солзавец додека жолтите елеци се вратија на улиците во главниот град.
Неколку стотици демонстранти се собраа на два плоштада во Париз на овластени маршеви. Едниот кортеж тргна без инциденти, но другиот марш беше одложен откако полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои ја напуштија одредената рута, а некои од нив запалија корпи за отпадоци и автомобил.
