Злоупотреба на етничката припадност при вработувања, Стоилковиќ ги објавува имињата – Касами: Имало фиктивни вработувања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новиот министер за односи меѓу заедниците почна да го објавува списокот на вработени од ресорот што го води, со имиња и презимиња, за кои тврди дека ја злоупотребиле етничката припадност, односно балансерот при вработување. Според официјалната статистика што ја има министерот, вели дека 56% од вработените се Албанци, а 33% Македонци. Според него  овие бројки не се реални. Од последното вработување, извести дека 99 Албанци се декларираре како Македонци.

Стоилковиќ вели дека вработен Албанец дури се декларирал како Србин.

Запрашан за овие злоупотреби при вработување, првиот човек на Движењето Беса, Билал Касами, рече дека имаат информации за манипулации и фиктивни вработувања во тоа министерство, но предупреди дека нема да се толерира во иднина некој да зема плата, а не оди на работа.

„Знаеме дека имало манипулации, знаеме дека имало фиктивни вработувања кои земале плати и не оделе на работа. Знаеме и дека Владата донесе одлука сите овие вработени од Министерството, претходно секретаријатот, да бидат префрлени во институции. Дел од нив се префрлени, дел се уште не се трансферирани. Она што го имавме како пристап до општина Тетово, имаме пристап и до централната власт. Нема да толерираме некој да зема плата и да не оди на работа“, вели Биљал Касами.

Инаку, министерот Стоилковиќ најави дека ќе направи интерен попис за сите вработени, но откако ќе им заврши договорот на 31 декември 2024 година.

Што се однесува до вработувањата по националност, новата Влада извести дека целосно ќе го укине балансерот, а челниците на коалицијата ВРЕДИ тоа го оправдуваат со тоа што ќе се претвори во закон, со кој ќе се казнуваат со закон функционерите кои ги злоупотребуваат вработувањата.