Зоолошката градина во Скопје стана новиот дом на три пингвини

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од скопската зоолошка градина информираат дека вечерва пристигнале пингвините и тие полека се адаптираат во својот нов дом.

„Конечно вечерва во Скопје Зоо пристигнаа и пингвините. Тие пополека се адаптираат во својот нов дом и ја добија првата вечера, а остварија и прв контакт со своите нови зоо негуватели. Периодот кој следува ќе бидат во карантин, за полесно да се приспособат на живеалиштето, а ние постојано ќе ве „частиме” со интересни фотографии и видеа се додека не дојде моментот да ги видите и во живо“, посочуваат од зоолошката.

Од таму велат дека тие ќе живеат во современо живеалиште направено по светски стандарди, со голем надворешен базен и внатрешен топол дел со затворен базен.