Зошто не е добро да го прескокнете појадокот?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Велат дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот, а тоа го потврдиле и експертите.

Доколку го прескокнете првиот оброк, голема е веројатноста дека ќе си направите проблеми во организмот, а во продолжение ви пренесуваме дел од нив.

Ќе го успорите метаболизмот

Јадењето го забрзува метаболизмот во текот на денот, а појадокот како најголем оброк во денот го спречува дебелеењето, велат експертите. Добро е да се јаде порано бидејќи вашето тело е најефикасно во лачењето на инсулин, варењето на храната и други процеси рано во денот, по добар сон. Одложувањето на оброците значи одложување на почетокот на овие здрави процеси, со што се намалува нивната ефикасност во следните оброци.

Подоцна ќе бидете повеќе гладни

Здравиот појадок не само што може да ви даде енергија и хранливи материи кои му се потребни на вашето тело за да стане наутро – туку може да го стабилизира и нивото на шеќер во крвта за да го спречи чувството на глад и поврзаната раздразливост. Доколку не појадувате, подоцна во текот на денот ќе се чувствувате полошо, а ќе ви биде потешко да размислувате и да донесувате одлуки поради флуктуации на шеќерот во крвта. Можно е да се здебелите.

Студиите во голема мера открија дека јадењето на поголемиот дел од дневните калории наутро е најдобриот начин за слабеење или одржување на стабилна тежина. Од друга страна, јадењето поголеми оброци пред спиење е тесно поврзано со дебелеење. Истото може да се каже и за јадење повеќе мали оброци и закуски подоцна во текот на денот: многу е подобро повеќето оброци да ги јадете порано.

Студијата на Универзитетот во Рим заклучила дека тајмингот може да биде поважен од она што се јаде, пренесува Zadovoljna.rs.

Имунитетот ќе ви ослабне

Колку е вашето тело посилно и пополно, толку е посилен и поенергичен вашиот имунолошки систем. Здравиот појадок може да поттикне силен, здрав имунолошки одговор кога ќе дојдете во контакт со било кој тип на бактерии или вируси. Имено, се чини дека повременото постење предизвикува оштетување на клетките и телото треба редовно да прима храна за да се одржи здраво ниво на имуните клетки кои се борат против инфекциите, велат нутриционистите.

Косата може да почне да опаѓа

Честото прескокнување на појадок може да доведе до губење на косата. Тоа е затоа што недоволната количина на протеини наутро ја намалува способноста на вашето тело да произведува кератин, кој е важен за косата. Без појадок богат со протеини наутро, може да забележите дека вашата коса повеќе опаѓа и помалку расте. Стресот ќе се зголеми.

Можни се силни главоболки

Тешка главоболка може да биде предизвикана од неправилно јадење. Имено, кога наутро ќе го прескокнете појадокот, подоцна се јавува хипогликемија, биолошки процес во кој опаѓа нивото на шеќер во крвта и се зголемува крвниот притисок. И тоа нагло зголемување на крвниот притисок може да предизвика изнемоштени главоболки.

Ризикот од дијабетес расте

Постојат различни видови на акутни проблеми предизвикани од прескокнување на појадокот, како што се главоболки и желба за шеќер, но подмолните несакани ефекти поради пропуштените утрински оброци може да имаат многу поголеми, подолготрајни ефекти и врз вашето здравје. Всушност, кај некои луѓе честото прескокнување на појадокот може драматично да го зголеми ризикот од развој на дијабетес тип 2. Виновниците се хронично зголемената отпорност на инсулин и хормоналната нерамнотежа предизвикана од нередовниот појадок.