Ниту во време на пандемија, жителите на Лабуништа немаат мир од каменоломите околу ова струшко село.
Од 5 каменоломи сега работат 3, а 2 прекинале со работа, ни кажа Мехмедоски.
На 17 април Министерството за економија и предложи на Владата декрет со законска сила за спроведување на законот за минерални суровини, како што објасни министерот Крешник Бектеши, со цел непречено продолжување на работата на концесионерите да немаат компликации во нивната работа во текот на вонредната состојба.
Мехмедоски ни кажа дека од распуштањето на Собранието немале никаков контакт со надлежните кои многу пати им ветија прекин на работата на каменоломите. Такво ветување даде и самит министер за економија.
Денеска се обидовме да го контактираме министерот Бектеши за маката на жителите на Лабуништа, но одговор не добивме.
Потсетуваме дека пред распуштањето на Собранието имаше обиди за усвојување нов закон за минерални суровини преку кој еднострано ќе се раскине концесијата, но не се изгласа се до денот на распуштањето на Собранието.
Лекари експерти од оваа област до сега неколку пати излегоа со тврдење дека прашината која се крева од каменоломите е штетна за здравјето, а жителите покрај ова треба да ги трпат и експлозиите кои се прават за вадење материјални суровини.
