Помпео: САД сериозно ја разгледуваат можноста за постигнување на мир во Авганистан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД сериозно ја разгледуваат можноста за постигнување на мир во Авганистан и повлекување на трупите од земјата.

Помпео тоа го напиша на неговиот Твитер налог, додавајќи дека САД настојуваат да го зајакнат соверенитетот и независноста на Авганистан.

– САД се сериозно посветени на постигнување на мир, спречување на ситуации во кои Авганистан повторно би станал место за меѓународен тероризам, како и на врќање на вооружените сили во земјата – напиша Помпео.