Терористички напад на хотел во Кенија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Екстремистичката организација „Ал Шабаб“ превзеде одговорност за денешниот напад на луксузниот хотелски комплекс „ДуситД2“ во кенискиот главен град Најроби, од каде што доаѓаат и пукотници, а исплашени цивили бегаат, пренесува АП.

Агенцијата наведува дека оваа екстремистичка организација чие седиште е во Сомалија, објавила дека нејзини борци се наоѓаат во хотелот, а пред него е автомобил бомба кој бил искористен во нападот.

Еден очевидец кој успеал да избега од местото на настанот, истакнал дека има многу пукотници во хотелот и дека во првиот момент искористил прилика да избега. Околу хотелот се наоѓаат кениската полиција и војска.