Заев: Ги решивме споровите со Грција и Бугарија, ќе го решиме и со Србија околу црквата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во интервју за регионалната N1 телевизија, премиерот Зоран Заев на поставено новинарско прашање како по решавањето на проблемот со Грција ќе се решат проблемите со Бугарија и Србија, Заев одговара дека со Бугарија веќе проблемот е решен.

„Се е решено, останува уште цркавата. Црквата е различно од држава, но се надеваме дека ќе најдеме решение и за тоа. Веќе преземаме некои работи. Со Бугарија направивме договор за добрососедство и соработка и ја споделивме заедничката историја“, изјави Заев во интервју за регионалната N1 телевизија.