Демонстрации во Тунис против претседателот Сајед

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Илјадници луѓе демонстрираа денеска во главниот град на Тунис против претседателот Каис Сајед, обвинувајќи го за поткопување на демократијата и економијата, пренесуваат светските медиуми.

Демонстрациите се организирани од Синдикатот на трудот на Тунис, кој е главениот синдикат во земјата, и организациите на граѓанското општество, во услови на економска криза, влошување на јавните услуги, постојани прекини на вода и електрична енергија, недостиг на лекови, па дури и храна.

Во ретко покажување единство, претставници на бројни опозициски партии им се придружија на адвокати, лекари, новинари и невработени во марш по главните авении под надзор на стотици полицајци.

„Не се плашиме, власта му припаѓа на народот!“ и „Затворите се полни, народот е гладен!“, скандираа демонстрантите.

Претседателот Сајед го распушти Парламентот во 2021 година и присвои широки овластувања со донесување декрети, со тоа што неговите противници го нарекуваат државен удар.