Жителите избегнуваат автомобили – Москва донесе неколку мерки за справување со загадувањето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рускиот главен град Москва се проби на врвот по „делба“ на автомобилите откако властите се решија за поскапување на паркинг услугите, како и за намалување на капацитетот на паркинзите во центарот на градот.

Со тоа властите не само што сакаа да го решат проблемот со загадувњето на градот, туку и да ги поттикнат граѓаните да одат на работа со јавен превоз, велосипеди или пеш.

Меѓутоа граѓаните, оние кои одат со автомобили до своите работни места, се сетиле да го „делат“ автомобилот со уште неколкумина кои одат во истиот правец. Така сега се помалку автомобили се со само едно лице во него.

Москва има 12.5 милиони жители, а акцијата на Властите даде плод бидејќи бројот на возила драстично се намалил, а бројката на корисниците на јавен превоз пораснал. Исто така на улиците се забележани се помалку автомобили управувани само од возачот.