Од следната недела ќе има намалување на цените на околу 50 производи за 10%, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши. Тој вели дека ДПИ ќе има поголеми надлежности со цел да се спречи неправедно покачување на цените.
Бектеши најави дека со новото законско решение во Законот за Неправедна трговска пракса ќе се укинат 20% од даноците во трговскиот синџир.
Директорот на ДПИ, Горан Трајковски соопшти дека ќе бидат затворени оние маркети кои нема да ги почитуваат одлуките за намалување на цените.
