100 метри од болницата, 30 минути чекање за брза помош!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Околу 16:50 часот минувачите во паркот “Жена борец” во Скопје забележале лице на земја. Во 16:51 повикале брза помош! Но оттаму наместо да преземат нешто, операторот од Ургентен прашува што му е на болниот, да не е некој пијан и дали може дали да провери дали мириса на алкохол.

Никој не можеше да го направи тоа, посебно не за време на пандемија. Така да, наместо да помогнат тие рекоа случајот да се пријави во полиција. Истото беше пријавено нешто пред 17 часот.

Цело време лицето лежеше на земја, со крв по лицето, не подалеку од 100 метра од Градска болница. Беа потребни 10 минути полицијата да стигне во овој парк во центарот на главниот град. Но кога стигнаа немаа што да направат бидејќи на лицето му требаше медицинска помош. И тие побараа помош од брзата помош.

Во меѓувреме лицето се освести, но пак тешко комуницираше. Единственото нешто што успеа да и каже на полицијата беше дека паднал сам и дека не бил нападнат. Брзата помош пристигна во 17:20 часот.

Од првото пријавување на случајот додека дојде возилото на брзата помош поминаа цели 30 минути за лицето да добие прва помош. Всушност кога амбулантното возило пристигна, лицето беше при свест, а изгледаше малку исплашен. Стана и зборуваше со лекарите и им ја раскажа случката.