100 повици дневно во итната медицинска помош – од утре топлотен бран во Македонија, температури над 40°

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Портокалова фаза ќе ја зафати земјава од утре според информациите на УХМР. Најтопло ќе биде во јужно-вардарскиот регион, во Гевгелија и Дојран каде температурата ќе го надмине 40-тиот степен.  Во Скопје температурата под сенка ќе достигне до 38-миот степен. Топлотниот бран се очекува да трае до следната среда.

„Од утре и во следните денови ќе имаме доста високи температири, стабилно сончево време кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Во текот на утрешниот ден температурата ќе се движи од 32-40 степен, а во следните денови ќе бележат и пораст“, вели Јулијана Фиданоска Мишкоска.

„Добар ден што се случува, што мака имате? Со матичен лекар се слушнавте? И се смири“.

Од Итната медицинска помош со препораки да не се излегува од 11 часот до 17 доколку не неопходно, особено трудниците и хронично болните. Навреме да се внесуваат течности најмалку два литри дневно, да се јаде лесна храна,  да се носи лесна облека, да не се пијат алкохолни и газирани пијалаци и кафе премногу,да не излегуваат граѓаните од дома гладни и жедни. Редовно да ја земаат терапијата која им е препишана. Велат дека имаат зголемен број на повици околу 100 дневно, а  во летниот период располагаат со 6 возила преку ден и 5 навечер и исто толку екипи кои ја покриваат територијата на Град Скопје.

„Дел од тие повици секако се должат на зголемените температури, секогаш имаа влијае особено на повозрасните кои се со хронични заболувања. На овие високи температури се потенцираат симптомите н нивната болест и обично доведуваат до колапс, зголемување или намалување на шеќерот, притисокот се намалува“, вели д-р Марина Сотировска.

До овој момент се уште немаме повратен одговор од Влада дали ќе се ослободат трудниците и  хронично болните од работа за време на топлотниот бран. Околи 30 волонтери на  Црвен Крст ќе патролираат на најфрекфентните улици во градот, автобуски постојки, пазари, амбуланти од 21-ви до 28-ми август. Ќе делат шишиња со вода и ќе мерат крвен притисок, а во итни случаи ќе биде обезбеден и транспорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: