114 фирми не ја почитувале законската одредба 0% ДДВ, најмногу неправилности во Тетово, Струга, Скопје, Прилеп и Охрид

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

611 контроли на територијата на целата држава од кои кај 114 даночни обврзници биле констатрани неправилности со оглед законот за регистрирање готовински плаќања. Најмногу неправилности се утврдени во Тетово, Струга, Скопје, Прилеп и Охрид. Во контролите биле опфатени даночни обврзници кои вршат дејност трговија на мало со храна и пијалоци , трговија на мало со месо и месни производи, трговија на мало со моторни горива.

„Радува податокот што на голем дел од продажните објекти ги почитуваа одредбите на законот, но и покрај укажувањата  имаше и такви на кои не им беа прилагодени фискалните апарати и наместо во група Г, лебот, брашното тип 400, зејтинот, јајцата, млекото, месото, шеќерот, оризот ги продаваа во група Б со пресметан ДДВ од 5%.  Вакавата постапка е казнива во согласност со законот за готовински плаќања“, изјави Лукаревска.

Висината на казните се пресметува согласно големината на продажниот објект, број на вработени, остварен промет, како и нивното даночно поведение. За самостојните вршители на дејности казната е до 500 евра, за приватни лица до 1000 евра.

„УЈП и во нардниот период ќе ја следи состојбата на терен и ќе продолжи со континурани координирани контроли заедно со останатите надлежни институции. Сите трговци кои нема да ги почитуваат одредбите од законот можат да се соочат со глоби согласно законот за регистрирање на готовински плаќања и создавање сметка која не ги содржи пропишаните елементи“, вели Лукаревска.

Лукаревска апелира до сите граѓани кои ќе утврдат неправилности на  фискалните да ги пријават на телефонската линија 198 или на 0800 33 000 иули преку апликацијата Мој ДДВ.

 Од 17-ти март  сите маркети кои продаваат леб, брашно тип – 400, млеко со масленост од 2 проценти, од 3,2 и 3,5 проценти масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз, јајца потребно е да издаваат фискална сметка со даночна стапка од 0 проценти, односно со ознака „Г“ за добра и услуги кои се ослободени од данокот на додадена вредност.