12-годишно девојче подлегна на повредите од падот на авионот во Пакистан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Девојче од Пакистан старо 12 години, подлегна на повредите кои ги задоби за време на падот на авионот кој се сруши во населба во Карачи на 22. мај.

Причина за срмтта на девојчето биле сериозни изгореници, добиени по падот на авионот.

Ербасот А320 се сруши во близината на аеродромот во Карачи на 22. мај кога удри во населена област и во таа прилика изби голем пожар. Во несреќата починаа 97 лица, а два патника ја преживеаја несреќата. Девојчето било едно од повредените од населбата каде што паднал авионот.

Останатите три лица остануваат на болничко лекување.