12 жртви во масовното убиство во Цетиње, убиецот починал на пат кон болница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројката на жртви од масакрот во црногорскиот град Цетиње се искачи на 12 лица.

Првично во пукање во кафеана во Цетиње загинаа 10, а четири лица се бореа за живот во болницата во Подгорица. Три од четирите и натаму се во животозагрозувачка состојба.

Напаѓачот извршил самоубиство. Првично бил пронајден во тешка состојба, и со возило на брза помош бил пренесен во болница, но починал на пат кон неа.