Вкупниот број вработени во јавниот сектор изнесува 132, 088, кои работат во вкупно 1346 институции, вели министерот за администрација и информатичко општество, презентирајќи го годишниот извештај за 2021, а говореше и за етничката припадност на вработените.
Во споредба со 2020, бројот на вработени во јавниот сектор во 2021 е зголемен за 905. Намалување има кај органите на државната власт за 704, а Алити рече дека минатата година е зголемен бројот на вработени со високи квалификации. Зборувајќи за намалувањето на бројот на административците, рече дека бројот се намалува сам по себе.
Министерот рече дека од 15 март сите вработени во јавната администрација ќе земаат минималец од 18 илјади денари и никој нема да зема помалку од тоа.
