132 нови случаи на коронавирус во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1387 тестирања, а регистрирани се 357 нови случаи на ковид-19, од кои на територија на Скопје се 132.

Од почетокот на пандемијата досега во Скопје се регистрирани 33779 случаи, додека пак активни се 11822.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 78305, бројката на оздравени пациенти е 54034, на починати е 2292, а бројот на активни случаи изнесува 21979.