138 метри висока! Дали знаете каде се наоѓа најголемата тркалезна зграда во светот?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако е изградна во 2013 година,  Guangzhou Circle (кругот Гуангжу) се смета за најголемата тркалезна зграда во светот. Сместена е во истоимениот јужнокинески град во провинцијата Гуангдонг покрај бреговите на реката Бисер (Zhu Jiang).

Кругот Гуангжу опфаќа 83.000 квадратни метри, се искачува на 138 метри во висина и опфаќа вкупно 33 спрата. Се издвојува од слични тркалезни згради во светот по дупката во средината од зградата со дијаметар од 48 метри.

Иако изгледа како огромна американска крофна, неговата форма е симболично поврзана со кинеската историја и традиција. Како прво, изгледа како античка кинеска монета, што не е изненадувачки ако се знае дека во зградата се сместени две важни финансиски институции – седиштето на влијателната корпорација „Hongda Xingye“ и еден од најголемите места за трговија со пластика во светот – Guandong Plastic Exchange.

Обликот на зградата потсетува на античките кинески жад дискови именувани би, кои се сметаа за симбол на рајот и едни од првите религиозни артефакти во областа, а датираат од 3000 година п.н.е.

Италијанскиот архитект Џозеф ди Паскале вклучи мноштво симболички детали во изгледот на зградата. На пример, ако го погледнете одразот на една зграда во реката Перл, тоа ќе личи на осум – кинески број кој симболизира просперитет, а кој во западната култура исто така претставува бесконечност.