Малку пред полноќ, овој авион со 149 Авганистанци слета во скопскиот аеродром.
Прва од авионот излезе една жена со децата и сопругот. Таа беше бремена, затоа за неа веднаш се погрижија брзата помош и црвен крст.
„Како што можете да видите, бремена жена веднаш е пренесена на Клиниката за гинекологија во Скопје. Другите ќе бидат испратени директно во хотелот. Како што знаете, јас однапред информирав дека околу 750 граѓани ќе бидат добредојдени во Северна Македонија“, рече Бујар Османи.
Со министерот за надворешни работи беше и раководителката на брзата помош, Милица Бубало. Таа рече дека на Авганистанците ќе им се направи ПЦР тест и ќе се провери нивниот вакцинален статус.
„На граѓаните ќе им биде направен ПЦР тест во однос на КОВИД-19 и ќе им биде проверен вакциналниот статус. Доколку изразат желба за вакцинација од КОВИД-19 ќе бидат вакцинирани. Доколку во текот на проверката на ПЦР тестот се констатира дека имаме позитивен/позитивни ќе се спроведе 14 дневен карантин.“, кажа Бубало.
Авионот што ги донесе првите авганистански бегалци во РСМ, пристигна на скопскиот аеродром од Грузија. Османи рече дека животот на овие граѓани бил загрозен од талибанските структури. Според него, станува збор за граѓани кои 20 години работеле за демократски институции, мисии и меѓународни организации во Авганистан.
