Иако првично беше објавено дека 15-годишно дете е првата жртва на земјотресите во Загреб, сепак, од службата на брзата помош демантираа и изјавија дека се борат за животот за девојчето кое било пренесено во болница откако било повредено од рушевините по земјотресот кој се случил утрово во 6:24 часот.
Од хрватскиот врв апелираа до медиумите да не наседнуваат на лажните вести и да чекаат само официјални потврди.
