15 HBO се обединија – бараат секое дете да има право на сексуална едукација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сексуалното образование ќе им помогне на младите да стекнат знаење во врска со нивното здравје и благосостојба.

Вака сметаат 15 невладини организации потписнички на декларацијата “Со сексуално образование до поздрава и побезбедна младина“.

Тие бараат од Владата и МОН секое дете во земјава да има право на сексуално образование.

Катарина Ставриќ рече дека матичните лекари треба да ги информираат младите како да се заштитат во однос на репродуктивното здравје.

Ставриќ сподели загрижуваќки податоци кои покажуваат дека младите не се консултираат со здравствени професионалци туку се информираат на социјалните мрежи и во разговор со другарите.