16 години ветувања за гимназија во Куманово – учениците и натаму учат во објект на поранешна фабрика

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вака изгледа гимназијата Сами Фрашери во Куманово. Некогаш фабрика, а потоа училиште, и така повеќе од 16 години, наставата се одвива во објект каде нема елементарни услови, без спортска сала и без училишен двор, со што е загрозена и безбедноста на учениците.

„Најмногу ни недостига спортска сала, за физичка активност, исто така голем проблем е што немаме место за седење, каде да јадеме. Спроти училиштето  има многу автомобили, директно во сообраќај, тоа многу ни пречи“, вели ученичка.

„Како објект, како школо, не е толку добар, не ги исполнува сите услови на едно европско училиште“, додава ученик.

-Имате сала?

„Не. За жал немаме сала, тоа ни треба многу и се надеваме дека ќе се среди тоа“, додава тој.

Директорот на гимназија вели дека немањето имотен лист за објектот ги ограничува инфраструктурните инвестиции, а се инвестира во технички  аудио- визуелни и хигиенски средства, во случај на селење , тие средства да можат да се пренесат.

„Во овој објект сместени сме привремено и немаме имотен лист и не знаеме кој е сопственик н   а училиштето, секако секоја инвестиција не е наменета за нашето училиште. Училниците во подрум   лошо мирисаат  а учениците таму треба да седат 7 часа, во исто време мувлата е отровна за учениците и овој проблем треба што поскоро да се реши“, посочи Африм Алити.

Алити додаде дека  преговорите и ветувањата за нов објект продолжуваат но до сега нема ништо конкретно. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски  во текот на изборната кампања најави    дека доколку училиштето    не го изгради МОН, тогаш ќе го изгради општината заедно со граѓаните и со странски инвеститори.    Инаку, со години   имало ветувања од многу министри и функционери за нов објект, но до сега не е ништо придвижено во правец на изнаоѓање решение.