29 мерки, поделени во 4 столбови, вреди 160 милиони евра. Вака Владата преку петтиот пакет на економски мерки ќе ја „спасува“ државата од коронакризата.
„Првата мерка е финансиска поддршка за плати за вработените во вистина од 1 милјарда 520 милиони денари за месеците февруари и март 2021 година со опфат од околу 60.000 работници месечно“, истакна Зоран Заев.
Финансиската поддршка ќе биде скалеста во износ од 14.500 до 21.776 денари за месечна плата по вработен за да се поддржат работните места во домашните компании, во зависност од тоа, која компанија колкав пад на приходи имала.
Вториот столб е за ликвидност која ќе се зголемува бескаматни кредити во кои ќе има и неповратна компонента. Третиот е креирање поволно деловно опкружување со ситемско редефинирање, намалување на парафискални давачки, а четвртиот е поддршката за граѓаните.
За опозицијата ова е само уште едно ново како што вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пљачкање на државата.
„Никаде не видов интензивна реализација на капитални инвестиции што е суштински важно, не се гледа каде ќе се градат патишта, каде ќе се реновираат болници, каде ќе се инвестира во канализации и водоводи, театри, културни институрии..Реализацијата на капитални инвестиции никаде не ја гледаме, а тоа е основа за раст на економијата и поддршка на стопаснство и бизнисот“, истакна Христијан Мицкоски.
Заев вели дека мерките се донесени низ дијалог со сите засегнати, и директно се надоврзуваат на претходните четири пакети економски мерки.
Повеќето мерки поддршката ќе се користи до крајот на 2021 година.
