163 нови случаи со Ковид 19 за 24 часа, Сали: Доколку продолжи бројката да расте, ќе се вратат заштитните мерки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Трендот на зголемување на заразени со корона вирусот продолжува. Иако јуни помина добро, со само десетина нови случаи, од графиконот може да се види дека бројките во последнава недела драстично се зголемија. Министерот за здравство, Беким Сали вели дека поради летниот период и раздвиженоста на граѓаните, динамиката на ширење се очекува да биде повисока од претходните бранови. Тој апелира до граѓаните да внимаваат и да се вакцинираат, бидејќи се уште не е издвоен сојот на корона вирусот што се шири со петтиот бран.

Доколку граѓаните не одговорат на апелите за внимателност и заштита и доколку бројките продолжат да растат, ќе бидеме принудени да ги вратиме мерките, како носењето маски и други ограничувања, додаде Сали.

И заменик министерот за здравство вели дека бројките растат, затоа апелираше до граѓаните да се вакцинираат, особено оние кои имаат коморбидитети и хронични болести.

Инаку во последните 24 часа се регистрирани 163 нови случаи со Ковид 19, од вкупно 922 тестирања. Што се однесува до имунизацијата, вакцинирани се 47% од вкупното население, со две дози, што се смета за целосна имунизација.