Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1470 тестирања, а регистрирани се 504 нови случаи на ковид-19, од кои 174 се на територија на Скопје.
Од почетокот на пандемијата досега во Скопје има 30273 случаи со коронавирус, додека пак активни се 10886.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 69954, бројката на оздравени пациенти е 46352, на починати е 2023, а бројот на активни случаи изнесува 21579.
Досега во земјата се направени вкупно 354.205 тестирања на Ковид -19.
