175 санкционирани возачи на подрачјето на СВР Тетово, од кои 120 за брзо возење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчера (03.01.2021) во периодот од 12.00 до 20.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина, во која вкупно биле откриени и законски санкционирани 120 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, од кои 101 на поширокото тетовско и 19 на гостиварското подрачје.

Покрај тоа, при контролата биле откриени и 3 други видови прекршоци.

Исто така, во текот на вчерашниот ден во овој период реализирана е и акциска контрола за управување возила под дејство на алкохол. Во оваа акција санкционирани биле 4 возачи (ТЕ), кои управувале возило со присуство на алкохол повеќе од дозволеното, а констатирани се и 48 други видови прекршоци (ТЕ-32 и ГВ-16), од кои најмногу управување без возачка дозвола, возачи-почетници и така натаму.