Скопје ја спроведе 14. дезинсекција – над 20 третмани до крајот на сезоната

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска е спроведена 14. дезинсекција против комарци оваа сезона, додека прскањата ќе продолжат и во наредните денови.

Утре е планиран уште еден воздушен третман, додека од 23 до 26 август ќе се спроведува и теренска дезинсекција на територијата на градот. Според Ѓорѓиевски, досега се реализирани редовни третмани и против комарци ипротив нивните ларви, преку воздушни и теренски интервенции.

Тој истакнува дека до крајот на сезоната се очекува да се реализираат над 20 третмани, додека од Град Скопје велат дека активностите се спроведуваат согласно годишната програма и препораките на здравствените институции.