180 нови случаи и двајца починати од Ковид-19 – Филипче: Не е важно каде се граѓаните, само да се почитуваат мерките

НАЈНОВИ ВЕСТИ

180 нови случаи со Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа. За жал Скопје руши рекорди со 109 новозаразени, потоа следува Куманово со 26 и Штип со 15.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека 90% од новите случаи во последните 24 часа се од 15 семејства. Кластерите се под контрола бидејќи семејствата се малку, но со многу членови. На прашањето за празнењето на Скопје и воведениот полициски час од 80 часа,   Филипче рече дека не е важно каде се граѓаните,, туку важно е дека тие треба да ги почитуваат мерките и да не се групираат, бидејќи на тој начин ќе живееме и во иднина.

Полицискиот час е воведен на тој начин бидејќи се направени детални анализи од сите аспекти, а од понеделник може да се разговара за повторно укинување на полицискиот час.

Симптомите на новозаразените главно се лесни, кај 90% од нив. Во Чаир и Бутел има најголем број на асимптоматични случаи, а масовната инфекција се случила поради ублажувањето на мерките, игнорирањето на мерките и дека истите не знаеле дека се заразени. Во последните 24 часа како последица од вирусот починале две лица, еден пациент од Скопје и еден од Куманово, а 11 се излекувани.