19 лица ја изгубија битката со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека пријавени се 19 починати лица:

  • 7 од Скопје (58г, 61г, 67г, 74г, 76г, 76г и 78г)
  • 3 лица од Тетово (46г, 72г, 74г)
  • 2 лица од Прилеп (61г и 67г)
  • 2 лица од Ресен (66г и 73г)
  • Едно лице од Велес (63г)
  • Едно лице од Гостивар (78г)
  • Едно лице од Охрид (85г)
  • Едно лице од Виница (68г)
  • Едно лице од Гевгелија (76г).

Од пријавените, 4 се починати во домашни, а останатите 15 лица во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.725, бројката на оздравени пациенти е 146.043, на починати е 5.230, а бројот на активни случаи изнесува 3.452.