19 организации со официјална претставка до Владата: „Националниот парк Маврово да се заштити согласно законските одредби“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

19 граѓански организации и иницијативи заеднички поднесоа официјален поднесок до Владата, барајќи итна акција за повторно прогласување и заштита на Националниот парк Маврово во согласност со законските одредби. Тие бараат итно да се заврши процесот на повторно прогласување на Национален парк Маврово и да се обезбеди вистинска заштита на природните вредности на подрачјето. Тие изразуваат загриженост за долгиот процес на трансформирање на Националниот парк Маврово според постојното законодавство и меѓународните стандарди.

Дали има дивоградби на Маврово?

Од организациите велат дека Законот за повторно прогласување на Национален парк Маврово и планот за негово менаџирање не се усвоени.

Пријавени се бројни неправилности и незаконски активности, но не се санкционирани. Според организациите приближно 80% од финансиите за Националниот парк Маврово доаѓаат од сечењето шуми и е забележано исчезнување на заштитените животни во паркот.