Македонија се покажува хумана во помошта за Украина преку примањето на бегалци и собирањето на пари. Досега на сметките на Црвениот крст се собрани над 2.7 милиони денари помош за Украина. Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити упати апел до граѓаните да помогнат што е можно повеќе.
Министерот за надворешни работи рече дека од почеток Северна Македонија била одлучна за осудување на ваквата агресија и за поддршката на украинскиот народ.
Амбасадорката на Украина Наталија Задоружњук се заблагодари на институциите, претпријатијата, но и на сите граѓани кои одговорија на нивниот повик.
„Сега Русија води војна со целиот цивилизиран, демократски свет и Украина се наоѓа на предната линија на оваа војна. Многу ни е тешко, Русија сака да ја уништи Украина, да ја уништи демокраатијата и слободата во близина на своите граници. Но, ние се бориме и ќе се бориме бидејќи ние се наоѓаме на нашата земја и целиот цивилизиран свет е со нас“, посочи Наталија Задоружњак.
Инаку има список на потреби на кои секој бизнис, секоја компанија може да се одлучи да ја преземе обврската да ги обезбеди тие продукти. А сите заинтересирани кои сакаат да помогнат тоа можат да го направат преку ова жиро сметка:
Жиро сметката на Фондот за солидарност на Црвен Крст на РСМ е: 300000001327966, даночен број: 4030984271620, АД КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА со назнака: Помош за украинскиот народ или
За донации на фондови во валута:

Инаку, министерот за надворешни работи потпиша Меморандум за соработка за поефикасна координација со Црвениот крст и Стопанските комори за поголема мобилизација со цел помош на украинскиот народ.
