Сојузот на здруженија на дијабетичари реагираат дека иако во земјава е достапна инсулинската терапија, сѐ уште постојат технички пречки за пациентите да ја купат терапијата.
Претседателот на Сојузот Димче Велев од Штип му порача на Министерството за здравство да го реши проблемот.
Од здравство велат дека нема никаков проблем во количините на иглите, лентите и апаратите за мерење инсулин, туку во делот на евидентирањето, проблем што веќе се надмине и од вторник, кога ќе бидат отворени инсулинските аптеки, истите инсулински продукти ќе им бидат достапни на пациентите.
