20.000 евра казна за незаконско фрлање отпад во Општина Аеродром

НАЈНОВИ ВЕСТИ

При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче, на локацијата позната како „Купишта“, е затекнат камион кој незаконски одложувал градежен отпад, спротивно на Законот за управување со отпад, информираат од Општина Аеродром.

Од општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно член 130 од законот. За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност, истакнуваат од општината.

Оттаму нагласуваат дека ќе продолжат со засилени инспекциски контроли и дека нема да дозволат уништување на животната средина, загадување и создавање диви депонии на територијата на општината.

Исто така, упатуваат апел до сите граѓани и компании одговорно да постапуваат со отпадот и да ги почитуваат законските прописи.

За секое неодговорно однесување ќе следуваат санкции, велат од локалната самоуправа.