Околу 20 лица денеска ќе бидат сослушани за страшната несреќа во Нови Сад, кога се урна старата настрешница на главната железничка станица.
Оваа информација ја откри министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ при гостувањето на ТВ Прва.
– Колку што знам, денеска ќе бидат сослушани 20-тина лица во врска со несреќата на железничката станица во Нови Сад. Ќе бидат сослушани сите, почнувајќи од лицата од надлежното министерство, јавното претпријатие Железници Србија – изјави Ивица Дачиќ.
Дачиќ посочи и дека за овој случај изјава ќе даде и надлежниот министер.
– Од полицијата на Нови Сад бев информиран дека се на пат за Белград за да подигнат документација од надлежното Министерство за транспорт и градежништво. Министерот ќе даде изјава во полиција, директорот на железницата и сите останати ќе дадат изјава – рече министерот за внатрешни работи.