„Ај ако сакаш од таму помини од кај паркингот од главниот влез зашто министерот доаѓа не смееме да пуштаме“.
Вака беше пречекан министерот за здравство Беким Сали на Клиниката за онкологија и покрај тоа што таму се лекуваат луѓе со канцер на кои не им дозволува здравствената состојба да кружат за да ја примат терапијата. Некои беа станувани од клупите кајшто седеа.
Целиот настан беше организиран за новата машина. Прецизноста на зрачење на заболените од канцер ќе се зголеми со новата машина за радиотерапија на Клиниката за онкологија, бидејќи истовремено е и компјутер. Времето на подготовка на пациентот за зрачење го намалува двапати, со што ја намалува потребата од кадар кој и онака недостасува.
-На онкологија не постои листа на чекање за зрачење, бидејќи новата машина за три месеци успеавме фала на физичарите и сите тие што беа во тој процес вклучени да се адаптира просторот. Искористивме бункер тоа е најскапа работа да направите, и адаптиравме еден бункер кој беше во објектот со сите најмодерни мерења, вели Д-р. Нино Васов директор на Клиниката за Онкологија.
Директорот Васов најавува дека за два-три месеци би требало да биде примен првиот пациент за зрачење и во Центарот во 8-ми Септември. Но, и таму недостига кадар.
„Овие машини во 8-ми септември гледаме најитно да профункциоираат. За тоа ни треба и обучен кадар, не само машини, 6 шест техничари, двајца физичари, веќе едниот специјализира имаме докторка пред крај што ќе работи таму и уште е еден доктор ни треба да таму за да може тој Центар да функционира таму“, рече Васов.
22-годишна девојка е најмладата пациентка на Клиниката за онкологија. Најголемиот број случаи се лица од 60-70 години, а мал процент од 40-50. Ригистар за заболени од канцер има од минатата година и точниот број ќе се знае во септември. Од 3 на 6% е зголемен бројот на пацинети од малигни заболувања на европско ниво. Бројот на пациенти оваа година се очекува да достигне рекордни 5 500 заболени од канцер, со оглед на тоа што за време на Ковид 19 голем дел не вршеле редовни прегледи.
БРОЈ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КАНЕЦЕР
2018 – 4 300
2019- 3 700
2021- 4 200
2022- 5 500
