реклама

25 години грозјето се откупува за 10 денари – лозарите апелираат да се вклучи Отворен Балкан во извозот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

„Не ни требаат субвенции, тука реална цена на грозјето која нема да биде помала од производната – велат лозарите. 25 години смедеревката им се откупува за 10 денари,  а вранецот за 12 , а производната цена годинава е 16 со 18 денари за килограм грозје со не вклучена работна сила.

„Цените на нафтата, препаратите, ѓубривата, нафтата отиде многу висока, така што производната цена на грозјето годнава е многу повисока во однос на претходните години. Не сакаме да размислуваме за тие цени што биле до лани“, вели Јован Златевски.

Винариите да не ги манипулират лозарите и да се водат по производната цена на грозјето од нивните насади вели Златевски. Тие бараат прозиводна цена плус 25% минимална зарабока која е неопходна за опстанок, но во случајот работат со загуба. Годинава има 650 апликации помалку за субвенции само во Кавадарци, што зборува дека лозарите ги копачат лозјата. Ако минатата година биле произведени 118 милиони грозје, оваа година ќе има 20 милиони помалку. Што е спротивно на трендот во Хрватска кои откако станале кандидат за членство во ЕУ ги зголемиле лозовите насади. Чесно е велат да имаат партнерски однос сите чинители и лозарите и винариите и МЗШВ. А не винариите да им го земаат грозјето на лозарите без цена. Државата годишно добива 600 000 евра од персонален данок од лозарите. 

„Треба да се искористи момнетот со Отворен Балкан. Разговарав со царинска управа има можност камионите што ќе бидат товарени со грозје да не чекаат на граница туку веднаш да бидат пуштени. Им,а нов систем каде со баркод читач се чита царинската декларација, а го има на сите премини во Македонија“, додава Јован Златевски.

реклама

И самите лозови насади во Тиквешијата биле планирани да ги задоволат потребите на поранешна Јогославија. И недостасува велат долгорочна стратегија на Владата за да не се создава вишок на грозје. Но, лозарите оставени сами на себе се снаоѓаат, па велат дека од следната година во преговори се со винарии од Албанија да склучат договори да извезуваат таму, каде ќе се прави прва ферментација, а потоа виното би патувало во Италија каде ќе се флашира. Цената на откупното грозје во Албанија каде веќе имаат склучено договори ќе биде 50 центи, во Хрватска 72 центи, во Србија 57 центи. 

Од Министерство за земјоделство се уште немаме одговор дали ќе им излезат во пресрет на лозарите.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама