28-годишно лице преку лажен профил на „Тик Ток“ ширело расистички и ксенофобичен материјал

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СВР Охрид, до основното јавно обвинителство во Тетово, поднесе кривична пријава против В.А.(28) од селото Церово, општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Тој, на лажен профил на социјалната мрежа „ТикТок“ поставил содржина со која ширел расистички и ксенофобичен материјал кој, промовира и поттикнува омраза, дискриминација и насилство.