Две лица загинаа, а осум се повредени, меѓу кои и едно дете, во напад со руска балистичка ракета врз Бориспилскиот округ во Киевската област, изјави денеска шефот на регионалната државна администрација, Тимур Ткаченко.
Според него, во нападот биле оштетени магацин, паркинг, возила, приватен имот и бензинска пумпа, пренесува „Укринформ“.
На повредените им била укажана потребната медицинска помош, а бројот на повредени лица и нивната здравствена состојба сè уште се утврдуваат.
