3.800 седишта ќе останат празни – откажана целата сезона на познатата њујоршка Метрополитен опера

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Жителите на Лока блокирани со недели – рушење на објект го затвори селскиот пат

Поради рушење на овој објект, жителите на селото Лока, Сарај, се блокирани со недели. Полицијата не дозволува мештаните да поминуваат...

Повторно зголемен бројот на заразени – „Фајзер“ го испрати договорот, вакцините пристигнуваат во март?!

За 56% е зголемен бројот на новозаразени со Ковид 19. Најпогодени се лицата на 60 годишна возраст а најголем...

Позајмуваме 700, за да вратиме 500 милиони евра – остатокот од осмата еврообврзница за лекови и вакцини

Македонија се задолжи за нови 700 милиони евра. „Ќе се врати долгот по основ на третата еврообврзница издадена во 2014...

МАНУ детектираше британски сој на коронавирусот и кај вториот од пациентите кои патувале во Занзибар

Министерството за здравство информира дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од другиот пациент кој пред...

Продолжуваат напорите за „крадење“ пратеници – 90 дена мир за Заев, ако опозицијата не обезбеди мнозинство

Еден ден откако ја доби довербата на 62 пратеници од мнозинството, премиерот Зоран Заев вели дека е среќен. Верува...

Познатата њујоршка Метрополитен опера вчера ја откажа цела следна сезона и најави дека ќе остане затворена до септември 2021 година.

Причина за тоа е пандемијата на коронавирусот.

Оперската куќа, со 3.800 седишта, изведува повеќе од 200 претстави годишно, кои ги гледаат речиси 800.000 посетители.

„Жал ни е што мораме да Ве известиме дека Метрополитен донесе исклучително тешка одлука, за откажување на целата сезона 2020-21 година, врз основа на советите на здравствените стручњаци при Центарот Линколн и Метрополитен“ (каде е сместена Операта), се вели во соопштението.

Потоа се додава дека поради стотиците изведувачи кои треба да вежбаат и да настапат и поради големата публика на компанијата, нема да биде безбедно за Операта да продолжи со програмата.

Театрите на Бродвеј, од друга страна, засега е предвидено повторно да се отворат во јануари 2021 година.