Шестчлено семејство од скопски Синѓелиќ е во тешка здравствена и економска состојба.
2 сестри се со нарушено ментално здравје, а третата е парализирана, во кревет. Ениса Арифи, 12 годишна ќерка на Рејхане, вели дека има денови и кога немаат што да јадат.
„Сакаме да имаме храна, и мала куќа“.
-Колку години имаш?
„12“.
-Одиш ли во училиште?
“Да, понекогаш, немаме со што да одиме, немаме услови, тешко ни е“.
-Имате ли доволно храна секој ден?
“некогаш да, но почесто не“.
-Значи има денови кога немате што да јадете?
“Да, немаме“.
-Кој се грижи за вас и за брат ви?
„Тетка ми и баба ми, мајка не може, болна е“.
Мајката на 2 деца Рејхане Арифи вели дека никој од оваа куќа не може да работи за да обезбеди месечни примања. Таа вели дека преживуваат од социјална помош, но таа не стигнува ниту за лекови.
“Излегов да барам помош колку можат да ни помогнат, мажи немаме во куќата, сите сме жени. Јас 2 години сум болна, не сум добра ментално, ми доаѓаат мисли да се самоубијам, да се обесам, бев кај оџи, нема лек“, вели Рејхане Арифи.
-Од што сте болна?
„Психички сум болна“.
-Имате ли месечни примања?
„Имаме социјална помош и грижа за трето лице што ја добиваме за сестра ми, но тоа не е доволно, за лекови ги трошиме, затоа излегов на телевизија, ги замолувам луѓето да ни помогнат за лекови и храна, и некаква плата да ни понудат“.
Ширете Арифи бара од луѓето помош, како храна, облека и куќа, бидејќи како што вели, во куќата каде што живееме не сме безбедни, бидејќи не е целосно нивна.
„Не сум добра со здравјето“, вели Ширете Арифи.
-Што имаш поточно, каква болка?
„Гледам лица, бев кај оџи, имам шизофренија. Земав лекови, кога примам лекови подобро ми е, но немам услови за лекови“.
-Дали се скапи?
„Да, 2000-4000 денари, еве како што гледаш овие пакувања на сестрата и мајката. Јас кога сум подобра се грижам за сестра ми која е парализирана, и ги праќам децата во школо, би ги замолила луѓето за храна и пиење и куќа да ни дадат“.
Инаку заинтересираните кои сакаат да помогнат на ова семејство можат да се јават на телефонскиот број на Рејхане Арифи 070 217 868.
