Македонија по нов предизвик со Швајцарија – Седлоски бара резултат, не само добар настап

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Македонската репрезентација вечерва ја очекува тежок натпревар тука во Луцерн, Швајцарија. Репрезентацијата на Швајцарија веќе има три победи во трите досегашни натпревари, додека Македонија нема ниту една, а не успеа да постигне ниту еден гол. Сепак, црвено-жолтите очекуваат од овој натпревар да излезат со позитивен резултат.“, вели репортерот на ТВ21.

На првиот меѓусебен натпревар во Скопје, Швајцарците триумфираа со 3:0, но тренерот Гоце Седлоски вели дека екипата не дошла во Швајцарија само да го одигра натпреварот, туку да бара резултат.

„Добро, пред 10 дена игравме против Швајцарија. Знаеме каква репрезентација е Швајцарија и какви играчи поседува. Да ги надминеме тие грешки што ги направивме на првиот натпревар во Скопје. Ќе излеземе да докажеме дека знаеме да ги поправиме тие грешки и тие голови што ги примивме и со колективна игра, еден за друг, да одиграме добар натпревар. Уште еднаш велам дека Швајцарија е голема сила, но ние не сме дошле тука само да го одиграме натпреварот.“, рече Гоце Седлоски.

Седлоски најави промени во составот и повеќе свежина, бидејќи екипата одиграла четири натпревари за само 12 дена. Добра вест е враќањето на Езџан Алиоски, кој се опорави од повредата и се очекува да биде во конкуренција за стартниот состав.

И дефанзивецот Висар Муслиу побара одговорност од сите, од напаѓачите до голманот, нагласувајќи дека екипата треба да покаже поголема почит кон репрезентативниот дрес.

„Без сомнение, Швајцарија има квалитетни напаѓачи, но тоа ќе зависи од нашата одбрана, почнувајќи од нашите напаѓачи, односно почнувајќи од горе. Инаку, квалитетот што го поседува Швајцарија, од голманот до напаѓачот, ако играме колективно, нема да биде лесно да се браниме.“, вели Висар Муслиу.

На трибините на „Термоплан Арена“ се очекува да има околу 600 македонски навивачи. Швајцарија – Македонија се игра вечерва од 20:45 часот.